ASUS по неодамнешното претставување на ROG Phone 3 гејминг телефонот, ја освежи и својата мејнстрим понуда. Официјално се претставени Zenfone 7 телефоните, кои ќе имаат два претставника – Zenfone 7 и Zenfone 7 Pro.

Новото дуо привлече доста внимание, бидејќи беа достапни бројни неофицијални информации за одличниот однос на цените и можностите на овие смартфони. Zenfone 7 и 7 Pro ќе бидат слични, со тоа што „ванила“ верзијата ќе пристигне во конфигурација со 6/8 GB RAM и 128 GB простор за складирање и Snapdragon 865 чипсет. Дотогаш 7 Pro варијантата ќе има идентична количина на системска меморија, но 256GB простор за складирање и Snapdragon 865+ чипсет.

Што се однесува во екраните, Zenfone 7 и 7 Pro ќе имаат дијагонала од 6,67 инчи и AMOLED екран, кој ќе нуди 90 Hz освежување. Исто така, екранот нема да има никаков засек, отвор или било што би го нарушувало континуираниот дизајн на предната страна. Ова е постигнато благодарение на ротирачкиот механизам, со кој задната камера претвора во предна.

Покрај тоа, Zenfone 7 и 7 Pro ќе имаат батерија од 5000 mAh, којк пристигнува со напредни опции, кои ги видовма не ROG Phone 3 телефонот – поддршка за подесување на максималното ниво на наполнетост, (де)активирање на бавното полнење и слично. Во пакувањето се наоѓа брз полнач од 30W, кој ќе дополни 65% од батеријата за половина час. Телефонот ќе пристигнува со Android 10 оперативен систем, кој ќе се потпоира на Zen UI корисничкиот интерфејс.

За снимање ќе бидат задолжени главниот 64MP Sony IMX686 сензор, користен и во неодамна претставениот ROG Phone 3 модел, како и 12MP Sony IMX363 ultra-wide сензор. Нив ги следи 8MP телефото сензор со поддршка за 3X оптички зум, кој поддржува оптилка стабилизација, баш како и главниот сензор.