На кинеската социјална мрежа Weibo се појави првиот рендер на новиот смартфон Oppo R19. На него се гледаат исклучително тенки рамки и нешто уште поинтересно: пресекот во горниот дел е отсутен, а на негово место има вградена во екранот селфи камера. Овој дизајнерски трик го прави телефонот доста атрактивен и секако попривлечен од оние модели со „notch“.

Под дисплејот на Oppo R19 има сензор за отпечатоци, а присутна е и двојна камера на задниот дел. Со оглед на тоа дека OnePlus често позајмува од дизајнот на Oppo (дизајнот на Oppo R17 и R17 Pro најде место во OnePlus 6T), доста веројатно е овој рендер да ни дава и идеја за тоа како ќе изгледа OnePlus 7. Ова не е невозможно, бидејќи како Oppo, така и OnePlus ја имаат истата матична компанија.

Рендерот на Oppo R19 беше објавен во Weibo од страна на корисникот IceUniverse. Тој претходно обезбеди веродостојни информации за новите модели на паметни телефони, па затоа веројатно може да му се верува. Според него, премиерата на Oppo R19 ќе се одржи во март 2019 година.