Популарната геј апликација Grindr во понеделникот објави дека повеќе нема да споделува податоци за ХИВ позитивни корисници со останатите компании.

Компанијата наведува дека е неправедно вовлечена во целата приказна околу Кембриџ Аналитика и дека дефинитивно ќе престане да ги споделува ваквите чувствителни податоци.

Наводно, Grindr го споделувал ХИВ статусот на корисникот и последниот датум од тестирањето со други компании, а следното ажурирање на апликацијата ќе ја исправи оваа грешка и ќе го спречи таргетирањето од страна на маркетиншките компании.

Grindr соработува со две компании – Apptimize и Localytics кои помогнале во оптимизација на апликацијата. Експерти за безбедност изјавиле дека изговорот на директорот дека “компанијата е неправедно вовлечена во приказната” е лош бидејќи компанијата свесно ги продавала ваквите информации на трето лице, а податоците за ХИВ заразените корисници се многу чувствителни и никој не би смеел да има права врз истите.

“Немале ни причина зошто би ги чувале тие податоци со компании кои се занимаваат со анализа”, вели Купер Квинтин, истражувач на безбедноста на интернет – Grindr мора да го направи следниот чекор и подобро да го обезбеди ваквиот вид на лични податоци”.

Извор: B92.net