Роботи волци ќе им помагаат на фармерите во Јапонија да си ги заштитат земјоделските поседи и фармите, пишува „Дејли меил”.

„Волците“ беа тестирани минатото лето на северот на Јапонија. Имаат застрашувачки изглед – со шилести заби и црвени очи, можат и да завиваат, а нивната основна задача е да ги плашат и бркаат грабливците и напасниците, како меѓу животните, така и меѓу луѓето.

Цената на еден „комплет“ роботи е 5.000 долари. Работат на соларни батерии.