Вулканот Мерапи кој се наоѓа на индонезискиот остров Јава почна да исфрла реки лава.

Раководител на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, Касбани изјави дека вулканот е во фаза на ерупција.

Според неговите зборови, вулканот синоќа почнал да исфрла лава. Тој посочи дека станува збор за најдолг слив на лава од август минатата година, кога беше забележана поседната ерупција на вулканот.

Касбани вели дека предупредување не е објавено, но жителите ги советува да не приближуваат кон опасната зона која е на околу 3 километри околу кратерот, објави АП.

Во една од последните големи ерупции на вулканот во 2010 година, 347 лица го загубија животот.