Конечно по десет години, музејот Лувр во Абу Даби, за чија лиценца Обединетите Арапски Емирати и платија на Франција повеќе од милијарда долари ќе биде свечено отворен утре (8 ноември). Тоа ќе биде прв универзален музеј од овој вид отворен во арапскиот свет.

Музејот свечено ќе го отворат претседателот на Франција Емануел Макрон и лидерот на Обединетите Арапски Емират, Мухамед бин Зајед. Музејот за јавноста ќе биде отворен во сабота, кога се очекува разни манифестации, вклучувајќи танцов спектакл и концерти кои ќе траат до 14 ноември.

абу даби лувр (7)

Музејот Лувр во Абу Даби е проект на славниот францускиот архитект Жан Нувел и е резултат на договорот на двете влади потпишан во 2007 година.

абу даби лувр (4)

Здружението на француските музеи France-Museums, ќе го надгледува францускиот дел на обврските кон музејот со експертиза и позајмица на дела од 13музеи. На отварањето ќе бидат изложени 300 дела.

абу даби лувр (6)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Арапската колекција ќе ја сочинуваат 600 дела во сталната поставка, а на отварање ќе има 200 дела.

абу даби лувр (5)

За разлика од останатите музеи, кои нудат дела по определена класификација, стилови или цивилизации, музејот во Абу Даби ќе ги истакнува универзалните теми и заедничките влијанија помеѓу цивилизациите.

абу даби лувр (2)

 

 

 

 

 

 

 

Изградбата на музејот чинела 654 милиони долори. Комплексот се состои од 55 одвоени згради. Куполата со дијаметар 180 метри ги прекрива поголем дел од објектите на музејскиот комплекс и може да се види од морето.

абу даби лувр (3)