Досега германската влада инвестираше вкупно 14 милиони евра во изградбата на автопатот како и дополнителни 70 милиони евра во развој и изработка на специјални хибридни камиони кои би можеле да ја користат технологијата.

Инженерите на Siemens всушност ја искористиле идејата за тролејбус (електричен автобус кој континуиранот се напојува од електричната мрежа) ја споиле до технологијата на електрични возови, и сето тоа го примениле на хибридни камиони. Резултатот е eHighway, електричен мрежен систем кој им овозможува на хибридните камиони да ги полнат своите батерии додека возат по него.

По тестниот период, германската влада и официјално го отвори „електричниот автопат“ во близина на Франкфурт во рамките на проектот Elisa.

Хибридните камиони опремени со пантографи користат електрична мрежа од 670 волти за да ги дополнат своите батерии без застанување. Единствениот услов за да ги полнат батериите е камионите да не се движат побрзо од 90 километри на час. Секогаш кога пантографот е во контакт со електричната мрежа, камионот користи само струја за движење. Кога ќе го напушти „електричниот автопат“, тој се префрла на хибриден погон.

Од Siemens истакнуваaт дека таквата технологија може да го намали загадувањето на животната средина, но исто така и да заштеди 20 илјади евра во гориво за камиони од 40 тони.

„Електричниот автопат“ ќе биде во фаза на тестирање до 2022 година, по што ќе се одлучи дали проектот ќе продолжи. Досега германската влада инвестирала вкупно 14 милиони евра во изградбата на автопатот и дополнителни 70 милиони евра во развој и изработка на специјални хибридни камиони кои би можеле да ја користат технологијата.

Извор: Zimo.hr