Голема количина видео и фотографски материјали од интернет-страница наменета за возрасни сега е предмет на споделување на социјалните мрежи.

Се работи за сајтот Onlyfans, а се претпоставува дека се протечени околу три милиони фотографии и околу 750 часа HD видео материјал.

Како што наведуваат од сајтот, не се работи дека биле жртва на некој одреден напад, туку материјалот е собран од многу различни страни и потоа поставен на интернет.

„Ја истраживме можноста за хакирање на сајтот и не најдовме никаков доказ. Протечените содржини се собирани од повеќе извори, вклучувајќи ги и социјалните мрежи“, стои во соопштението на компанијата.

Моментно не постои можност да се спречи делењето на оваа содржина насекаде на интернет, пишува Indepenedent.