Ако барате телефон со најдобра камера, размислете за новата генерација на Samsung Galaxy S моделите, бидејќи камерата на S9+ е прогласена за најдобрата мобилна камера во светот.
Samsung минатата недела претстави два нови модели на паметни телефони од серијата Galaxy S, кои, иако не донесоа револуција споредбено со претходните модели, речиси сигурно ќе се натпреваруваат за титулата најдобар телефон на годината. Во двата модели, Samsung посветил посебно внимание на камерите и квалитетот на снимените фотографии и видеа, а задната камера за првпат доаѓа со променлив отвор на блендата.
Дека оваа компанија направила одлична работа, потврда се резултатите од тестирањето на квалитетот на камерата на DxOMark. Според претходни тестови, паметен телефон кој имал највисок резултат на тестот е Googleov Pixel 2 (98 поени), но од оваа недела има промена на врвот – на престолот е Samsung Galaxy S9 Plus, кој има најдобра мобилна камера во светот.
Овој модел од задната страна има две камери со резолуција од 12 МР, а особено интересен е поради променливиот отвор на блендата – во услови на слаба осветленост користи f / 1.5 отвор за камерата да користи што повеќе светлина, додека отворот на бленда f / 2.4 се користи за фотографии со оптимизирани детали и острина, коментираат од DxOMark. Меѓу другите интересни опции, исто така, треба да се издвои и двојниот оптички зум на секундарната камера, оптичкиот стабилизатор на сликата на двете леќи, како и снимањето на супер забавени видеа. Вкупниот број на поени кои на тестот ги собрал Samsung Galaxy S9 Plus е 99.
Овој број е збир од поединечни елементи – во некои елементи камерата на Google Pixel 2 е подобра од камерата на S9 Plus, а области во кои доминира Samsung се, меѓу другото, шум, зум и дефокусирање.
Особено интересен е и односот на бројот на поени кога станува збор за шумот – Samsung остварил 79 поени наспроти 59 поени на Pixel 2, што покажува колку објективот со f / 1.5 отвор на бленда и новиот Samsung алгоритам за намалување на шумот го унапредиле снимањето на фотографии во услови на слаба осветленост.