Facebook ќе дозволи пласирање огласи на луѓе на основа на нивните политички и религиозни верувања, во рамките на новата пробна програма, која ќе опфати помал број корисници.

Ова тестирање е дизајнирано за да ѝ помогне на социјалната мрежа во процесирањето и ракувањето на податоците на муштериите за да се вклопат со новата регулатива за заштита на податоците на Европската Унија, која стапува на сила на 25 мај и која бара од корисниците да имаат поголем увид во чувствителните податоци и начинот на кој тие се штитат.

Facebook исто така ќе бара од корисниците согласност за користење на тие податоци, прво во Велика Британија, каде што ќе биде одржано тестирањето.

Исто така, луѓето ќе можат да кажат дали се среќни поради тоа што нивната политичка и верската определба ќе бидат видливи за другите корисници.

Ако некој се согласи, тогаш ќе добие можност да дозволи тие информации да се користат за персонализирани содржини, поточно реклами што ќе бидат прикажувани.

Социјалната мрежа нагласува дека оваа содржина нема да биде користена за  екстремистите да можат да ги шират своите ставови и да ги регрутираат истомислениците.