Бравата „August DoorSense“ се придружи на уредите кои имаат поддршка од „Google Assistant“, па оние кои ќе го инсталираат „DoorSense“ можат да проверуваат дали ја затвориле и исклучиле вратата.

Па така корисниците сега можат да ги користат гласовните команди, т.е. да ја контролираат „August“ паметната брава, а со помош на „Google Assistant“ на селектираните „Android“ уреди, во рамките на „iOS“ апликациите, гласовниот асистент „Google Home“, како и другите уреди за носење. Со цел да функционира, бравата „August“ мора да биде поврзана со „Wi-Fi“, како и преку „August Connect Wi-Fi Bridge“, или „August Doorbell“ камерите.

Корисниците на почеток во својата гласовна порака морале да ја вклучат и конструкцијата „Ask August“, a сега јазичниот дел е поедноставен, па доволно е корисникот да го постави прашањето во форма – „Hey Google, is my door closed?“.

За бравата да ја додаде апликацијата „Google Assistant“ доволно е да се кликне на сината икона во десниот агол, па да се оди на Settings > Home Control, да се кликне на плус иконата во долниот десен агол, и на крај да се избере „August Home“.