Компанијата Huawei закажа нова објава на производи за 21 октомври, а настанот ќе се одржи во Виена. Huawei не објави кои производи ќе ги претстави на споменатиот датум.

Поканата што ја добија медиумите вклучува мобилен телефон, што сугерира дека би можеле да ја видиме глобалната најава на Huawei P50 серијата, која во текот на јули беше претставена во Кина.

Со оглед на тоа што гласините споменуваат дека Mate 50 серијата за оваа година наводно била откажана, се претпоставува дека P50 моделите ќе бидат објавени на глобално ниво. Покрај тоа, би можеле да видиме и глобална презентација за Huawei Nova 9.

Кога станува збор за Huawei P50 линијата, се очекуваат P50 и P50 Pro. Двата телефони имаат 50MP главни камери, со тоа што стандардниот модел го покренува Snapdragon 888 чипсет, додека Pro верзијата користи Kirin 9000 SoC.