На 3 милијарди километри од Земјата на најодалечената позната планета во нашиот соларен систем забележана е мрачна бура голема колку растојанието од Бостон до Португалија.

Огромната мрачна бура на Нептун за првпат е откриена на крајот на осумдесеттите години од минатиот век со леталото на НАСА „војаџер 2“.

Од тогаш, само телескопот Хабл имал доволно острина за да ја следи оваа бура во текот на годината. Хабл пронашол две мрачни бури кои се појавиле на средината на деведесеттите и исчезнале. Оваа најнова бура за првпат е видена во 2015 година, но сега се намалува.

Научниците сметаат дека се состои од водород сулфид, но сè уште не знаат премногу за неа. Прво, на основа на предвидливите патувања, односно ветровите на Нептун, сметале дека бурата ќе исчезне откако ќе се приближи до екваторот, но наместо тоа таа тргнала кон неговиот јужен пол.