Соларната сонда Parker на американската вселенска агенција NASA се наоѓа најблиску до Сонцето од кое било вселенско летало досега.

Parker го надмина рекордот од 43 милиони километри оддалеченост од Сонцето што ја постави сондата Helios-2 во 1976 година.

Parker ќе продолжи да се доближува до Сонцето и следната недела за прв пат ќе прелета низ короната, надворешната сончева атмосфера, на 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда.

Parker во наредните седум години 24 пати ќе се доближи до Сонцето, а најмалата оддалеченост ќе биде само 6 милиони километри.

Сондата лансирана во август ноќва треба да постави уште еден рекорд – да ја надмине рекордната брзина на Helios-2 од 247.000 км/ч.