Националната технолошка иницијатива на Русија го поддржа проектот за создавање национална компјутерска база со целосна заштита од хакерство и веројатност од губење на податоци. Неговиот развој ќе биде ставен во рацете на математичари и инженери од поранешни воени компании и институти од Москва и Санкт Петербург. Проектот треба да создаде компјутери, мрежна опрема и софтвер, сигурно заштитени од какви било хакирања.

„Земјата треба да има сопствена хардверска и софтверска платформа, независно од странските производители. Само тогаш можеме да се обезбедиме и ние и компјутерските системи поврзани со националната безбедност“, вели Валентин Макаров, шеф на работната група „SafeNet“.

Планирано е да се гради заштитената домашна компјутерска база користејќи исклучиво руски развој. Тоа значи дека “срцето” на компјутерите ќе бидат процесорите “Елбрус”.