Минатата недела OnePlus испрати покани до медиумите за специјалниот настан кој ќе се одржи во Лас Вегас, во текот на CES 2020 саемот, а манифестацијата почнува на 7. јануари. Компанијата не објави која тема ќе ја покрива овој настан, но сега кинескиот производител на телефони истакнува дека следниот месец ќе го видиме OnePlus Concept One.

OnePlus објави и краток видео клип, за да ја обележи оваа најава, но сепак не откри што конкретно е OnePlus Concept One. Од името е јасно дека се работи за концепт на нов производ, а тоа би можел да биде телефон, TWS слушалки или нешто целосно поинаку.

Повеќе детали за OnePlus Concept One уредот сигурно ќе бидат познати во следните денови.