Разводот после 15 години години брак меѓу eBay и PayPal е главната вест во светските медиуми.

eBay, една од најголемите светски онлајн платформи одлучи да му ја одземе на PayPal улогата главен партнер за обработката на плаќањата. Таа работа изгледа ќе му ја препушти на еден ривал.

Двете американски компании имаат комплицирана историја, а вестите за разделување доведoa до тоа акциите на PayPal да паднат за повеќе од 12 проценти.

eBay одлучи да го преземе поголемиот дел од плаќањата на својата платформа. Во соработка со холандската компанија Adyen, eBay ќе започне полека во наредните месеци и години да ги презема посредничките услуги во наплатата на производи и услуги на својата интернет продавница.

Така, како примарен сервис за плаќање eBay ќе нуди свое решение, наместо PayPal кој на таа позиција фигурираше во последните 15 години.

Експертите велат дека најавеното преминување на решението на Adyen за дигитални плаќања ќе потрае барем до 2020 година, кога истекува и важечкиот договoр меѓу eBay и PayPal.

Се претпоставува дека на купувачите и после 2020 година PayPal ќе им биде понуден како можен начин на плаќање, но неговата улога ќе биде споредна.