Борбата против дефорестацијата доби необичен сојузник – дронови садачи на дрвја. Австралискиот научник Др. Сузан Грахам разви посебен вид на дронови кои можат да садат дрвја на непристапни предели. Списанието Scientific American нотира дека 15% од светската емисија на јаглерод диоксид се должи на дефорестацијата односно угинувањето на шумите од различни причини (неконтролирано сечење, урбанизација, и сл.).

Дроновите креирани од Dr. Graham работат во пар Првиот ја скенира областа и применува специфични алгоритми со цел избор на оптимална микролокација (квалитет на почвата, карпести терени, проблеми со вода и сл.) Вториот дрон со точни информации за микролокацијата се упатува на местото и врши засадување на стеблото.  Овој дрон може да носи до 150 садници во еден лет.

Дроновите се понудени на пазарот од страна на компанијата од Оксфорд, BioCarbon Engineering. Извршниот директор на оваа компанија вели дека еден пар дронови може да посади 100.000 садници на ден.

Во исто време компанијата DroneSeed од САД работи на развивање слична технологија за масовно пошумување. Во моментот, оваа компанија врши прскање со хербициди и други пестициди на тешко достапни места со помош на дронови.