LG објави дека го креирал првиот светски флексибилен, транспарентен OLED дисплеј , со големина од 77 инчи. Екранот има однос на страници 16:9, што значи дека најдолгата страница има должина од 170,5 сантиметри.

Екранот има UHD резолуција од 3840 х 2160 пиксели, ветува транспарентност до 40 проценти и може да се фиксира со закривеност до 80 степени.

Сепак, не треба да се очекува LG масовно да почне да произведува транспарентни телевизори и монитори во поскоро време. Овој вид на технологија на дисплеи воглавно ќе се користи во комерцијални цели или како јавни дисплеи.

Сепак, ова е нова илустрација колку напредувале OLED екраните во последните години. Неодамна и Panasonic ги прикажа своите транспарентни OLED екрани, додека неодамнешниот прототип на Samsung можеше да се витка и растегнува.