Видеото на кое еден маж во продавница за електроника во Кина предизвикал експлозија откако гризна батерија на iPhone ги освои милионите луѓе на интернет. Мини спектаклот снимен со сигурносните камери е поставен на Miaopai, кинеската платформа за размена на видео содржини.
Според пишувањето на Taiwan Wews, мажот дошол во продавницата на 19. јануари за да ја замени батеријата на својот iPhone. За да се увери дека е вистинска батеријата што сакал да ја купи, одлучи малку да ја загриза, што во истата секунда предизвика експлозија.
Иако батеријата му експлодира во лице и многу блиску до другите луѓе, никој не е повреден.
Точно е дека лажните и фалсификувани литиум-јонски батерии можат понекогаш да експлодираат или едноставно да се прегреат, но методот на тестирање на батеријата на непознатиот Кинез зачуди многумина. Се уште не е познато дали батеријата експлодирала бидејќи била лажна или бидејќи тој ја оштетил со забите.

Да потсетиме, Apple по признанието дека ги забавува постарите генерации на iPhone на своите корисници им понуди замена на батериите за 29, наместо 79 долари, колку инаку чинат. Откако ќе го погледнат видеото на кој многу лесно експлодираше една таква батерија, многумина сигурно ќе се посомневаат во квалитетот на батериите чија цена Apple ја намали.