Овие патики не се ниту дел од опремата за виртуелна реалност, туку се наменети за љубителите на видео игри

Пред да помислите дека ова се патики кои можете да ги поврзете со вашиот Play Station уред, мораме да ве разочараме. Овие патики не се ниту дел од опремата за виртуелна реалност која можете да ја купите за ваквите игри.

Nike едноставно сакал да направи патики за сите љубители на видео игрите, па затоа креирал Play Station патики кои се навистина феноменални.

Дизајнот на овој модел е фантастичен, а на јазикот од патиките се наоѓа препознатливото лого на “Play Station” кое свети, што ги прави овие обувки да изгледаат како неверојатно парче технологија од иднината.

Ткаенината е споена со микрофиберски ламбички кои ги осветлуваат патиките, а со нив сигурно ќе бидете во центарот на вниманието на секоја забава.

Одлична работа кај овој модел е тоа што опцијата за осветлување може да се исклучи така што не мора да се грижите доколку некогаш сакате да останете неприметливи.

Патиките се изработени од непропустливи и квалитетни материјали, а ѓонот е посебно дизајниран со што овозможува удобност при носењето или трчањето.

“Nike PG-2 Playstation Colorway” ќе се најдат во продажба од 10-ти февруари, а се надеваме дека наскоро ќе пристигнат и на нашиот пазар.