Откако цените на SSD дисковите станаа поприфатливи за поголем број купувачи, се забележува пад на продажбата на механичките дискови. Ваквиот развој на ситуацијата не би требало никого да зачудува – SSD се помали, полесни, поиздржливи на удари и она што е најбитно – осетно се побрзи од класичните хард дискови.

Аналитичката компанија Trendfocus спроведе истражување кое покажа дека купувачите се помалку купуваат механички дискови. Само во првиот квартал од 2019. година забележан е пад на продажбата од 12 проценти. Исто така, забележано е дека механичките дискови со големин од 3,5“ и 2,5“ се помалку ги купуваат приватните корисници, а се повеќе бизнисмените.

Изворот наведува дека во истиот период, на деловните корисници им биле продадени околу милион дискови повеќе, со што вкупната продажба изнесувала околу 11,5 милиони примероци. Причина за ова би можеле да бидат компаниите како BackBlaze, кои за складирање податоци и натаму се потпираат на механички дискови.

Trendfocus наведува дека во текот на првото тримесечје на 2019. година биле испорачани 25,4 милиони механички дискови, што е за околу 4 милиони дискови помалку во однос на последното тримесечје на 2018. година. Бидејќи новите преносни компјутери се повеќе доаѓаат со SSD дискови, бројот на испорачани 2.5 инчни дискови падна за шест милиони, што доведува до бројка од 37 милиони испорачани дискови.