Многу компании во Германија сериозно размислуваат за варијантата да ја заменат својата внатрешна Wi-Fi инфраструктура со затворени 5G мрежи – соопшти „MIT Technology Review“.

Меѓу нив е и автомобилскиот гигант Audi, кој веќе тестира такво решение за управување на роботи. Ако тестовите бидат успешни, Audi најверојатно ќе ги замени сите свои постоечки Wi-Fi решенија со 5G. Други производители на автомобили како BMW, Deimler и Volkswagen исто така пројавуваат сериозен интерес за новите можности.

Според „MIT Technology Review“ такви проекти имаат и голем број на компании од други индустрии, а во Германија има дури национална иницијатива наречена „Индустри 4.0“, која треба да стимулира слични решенија. Доаѓањето на приватните 5G мрежи пак ќе обезбеди бум за производителите на комуникациска опрема и компаниите кои управуваат со слични мрежи.

Според истражувањето, пазарот за такви услуги ќе генерира 365 милијарди долари во текот на следните 10 години. На краток рок, најголемо ограничување за помалите компании ќе бидат трошоците за изградба и одржување. Друг потенцијален проблем е недостигот на доволно слободни фреквенции за приватните мрежи, што би можело да им направи проблеми и на најголемите компании.