Кинеската компанија Oppo го претстави својот нов паметен телефон – A7, достапен уред со батерија со голем капацитет наменет за љубителите на мобилниот гејминг.

Oppo A7 е уред со екран со дијагонала од 6,2-инчи и однос на страници 19:9. Го одликува пониска резолуција од 720p.

A7 го покренува Qualcomm Snapdragon 450 чипсет. Телефонот, во зависност од пазарот ќе се продава во конфигурации со 4GB RAM и 32 или 64GB простор за складирање податоци. Интерната меморија е прочирлива со помош на microSD картички.

Уредот е опремен со две позадински камери во комбинација со 13MP + 2MP, како и една селфи камера од 16 MP. Предната камера поддржува AI функција и има посебен Beauty Shot, во резолуција од 8MP, кој го унапредува снимањето на селфи фотографии.

Како и поголем дел од денешните паметни телефони, Oppo 7 ги следи трендовите, па на врвот на екранот има “notch”, кој во овој случај е со намалени димензии и има облик на капка.

Она што новиот Oppo го прави гејмерски телефон е поддршката за HyperBoost, што претставува одговор на GPU Turbo технологијата на Huawei.

Како што наведуваат од Oppo, A7 кај одредени игри (Arena of valor, PUBG и FIFA) би требало да им понуди на играчите и 31 одсто подобро играчко искуство, токму благодарение на HyperBoost технологијата. За диолготрајна автономија н ауредот се грижи батерија со капацитет 4.320 mAh.

Кога е во прашање софтверот, Oppo A7 го користи оперативниот систем ColorOS 5.2, кој е заснован на Android.

Уредот ќе биде достапен во три различни бои: Glaring Gold, Glaze Blue i Powder Pink, и тоа по цена од 200 до 270 евра, во зависност од пазарот.