Вселенски агенции од цел свет го следат правецот на движење на леталото чиј крај има три предвидувања.

Кинеската вселенска станица Tiangong-1 која неконтролирано се движи кон Земјата би требало да влезе во нашата орбита во следните три месеци. Експертите предупредуваат дека станицата содржи исклучително токсични хемикалии.

Вселенски агенции од цел свет го следат правецот на движење на леталото чиј крај има три предвидувања.

Најверојатно е дека ќе изгори штом ќе влезе во Земјината орбита, но се очекува дека ќе останат од 10 до 40 отсто од деловите, од кои некои содржат многу опасен хидразин.

Според податоците на кинеските вселенски агенции, просечната орбита на Tiangong-1 паднала од 289.1 километри на 281.3 километри од декември 2017 година.

Европската вселенска агенција првобитно соопшти дека нејзино паѓање на Земјата се очекува на 12 јануари, а сега објавија дека сепак тоа ќе се случи меѓу 17 март и 21 април.

Се порачува до луѓето дека немаат потреба за грижа поради остатоците од кинеската вселенска станица, бидејќи шансата да ги погоди е речиси никаква.

„Во историјата на вселенските летови не е забележано некоја личноста да биде повредена од остатоци кои влегле во атмосферата. Погодена е само една личност, но не се здоби со никакви повреди“, соопштија од калифорниската корпорација Aerospace Corp.

Кога е во прашање местото на падот на остатоците, вклучени се териториите на Шпанија, Италија, Грција, Турција и САД.

Контакт со станицата не постои од 2016 година, а напуштена е во 2013 година.

Извор: Klix.ba