Британската фирма Zanco претстави нов модел на мобилен телефон, кој е толку мал, што е помал и од кредитна картичка.

Уредот работи на 2G мрежа, тежок е 13 грама, долг 46,7 милиметри, а широк 21 милиметри.

Екранот му е толку мал, што дури едвај може да се прочита бројот кога некој ви ѕвони. Поседува батерија од 200 mAH која трае три дена или 180 минути разговор и се полни преку микро USB.

Zanco Tiny t1, кој се уште не може да се набави во слободна продажба, освен повици поддржува и опција за испраќање на пораки и во главно тоа е се што може да прави.

Полицијата веќе изрази страв дека овој телефон ќе биде многу популарен во затворите, поради тоа штоуредот може лесно да се шверцува и сокрие.

Иако глобален тренд е да се прават што поголеми телефони, одредени фирми успешно продолжуваат со производство на мали и што поедноставни телефони за оној дел од пазарот кој не го следи технолошкиот развој.

Извор: B92.net