Casio во својата понуда смести нов паметен часовник кој го користи софтверот на Google, Wear OS, но не се разликува од останатите паметни часовници на оваа компанија.

Во суштина, паметниот часовник е сличен со неговиот претходник, но изнесува 100 долари помалку. Станува збор за часовник наречен Pro Trek Smart Outdoor Watch, односно моделот WSD-F20A кој ќе се продава по цена од 399 долари кога ќе се најде на пазарот на први мај.

Тоа е за 100 долари помалку во однос на цената на моделот WSD-F20 кој е на продажба од јануари. Двата часовници се практично исти, но поевтината верзија нема грипови на страничните копчиња за полесно користење, нараквицата не е изработена од нерѓосувачки челик, а се разликуваат и по боите.

Она што е позитивно е фактот што часовниците на овој бренд се разликуваат од традиционалните уреди со оперативниот систем Wear OS. Casio ги прилагодува своите часовници да бидат корисни во навигација, а најновите модели поседуваат GPS и мапирање, висинометар, барометар и компас. Исто така, можат да се користат и како тракери за различни активности, а се издржливи и отпорни на вода.

Првиот паметен телефон Pro Trek оствари успех кога станува збор за планинарењето, но има и недостатоци кога станува збор за активностите на отворено вклучувајќи вежбање и возење велосипед. Новиот модел доаѓа без тие недостатоци, а GPS е најзначајниот додаток кој го поседува.