Жителите на Кина сега можат да го потврдат својот идентитет со своите паметни телефони. Во земјата беше лансиран нови виртуелен систем за идентификација, а во јануари ќе се прошири низ целата земја преку популарната платформа за допишување WeChat. Новата дигитална карта за идентификација го има истото правно значење како и личната карта, што значи дека луѓето ќе можат да ја користат додека патуваат во Кина, да подигнат кредит ли да регистрираат нов бизнис.

Системот се вика CTID и работи како апликација на кинескиот еквивалент на WhatsApp, WeChat. Како што пишува DailyMail, за да се користи апликацијата корисникот треба да ја симне на својот телефон, да ги внесе личните податоци во апликацијата, која е конектирана со националната датабаза на полицијата. Корисникот треба и да направи фотографија од себеси и да постави лозинка.

Сите внесени податоци потоа се испраќаат до полицијата, која ја потврдува нивната автентичност. Кога ќе заврши регистрацијата, корисникот ќе добие дигитална лична карта во апликацијата WeChat. Доколку корисникот треба да го потврди својот идентитет пред некого, треба само да ја искористи апликацијата за да се скенира QR кодот на лицето што бара идентификација пред да си го скенира лицето. Системот потоа ќе го потврди идентитетот со споредба на лицето со фотографијата во системот. Целиот процес трае неколку секунди.

Кинеските власти го лансираа системот во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина на 25 декември. Моментално се тестира пред да се активира во целата земја идниот мсец. Доколку корисникот го изгуби мобилниот телефон, се што треба да направи е да се логира на својот профил на WeChat од друг уред, па оттаму ќе можат да ја избришат својата дигитална карта или да ја сменат лозинката.