Меѓународен тим научници пред четири години почнаа истражувачки проект за следење на квалитетот на морето околу Венеција, а пред неколку месеци во погон по каналите и околу нив се пуштени специјално дизајнирани роботи, кои собираат податоци на површината, во плитките води и од морското дно.

Вредноста на проектот за кој средствата се повлечени од ЕУ-фондовите изнесува речиси пет милиони долари.

„Улогата на роботите е да го анализира и да помогне во заштитата на кревкиот екосистем на венециската лагуна: податоците се собираат и снимаат, се пренесуваат и потоа се носат до научниците на површината.

Целта на проектот е да се овозможи роботите на далечинско управувње да го вршат она што научниците го прават рачно.

Вештачката интелигенција со време ќе стане попаметна, па роботите ќе служат и како заштита од штетници, но ќе ги евидентираат и сите промени во морето, како нови и необични извори на загадување.

Роботите во венециските канали ќе пливаат до 2019, а слични машини еден ден би можеле да се користат и во светските океани.