Напис

Како ќе изгледа градот на Марс? (ВИДЕО)
ФУТУРАМА

Како ќе изгледа градот на Марс? (ВИДЕО)

Група инженери и архитекти од Технолошкиот институт во Масачусетс во САД победи на натпреварот Mars City Design 2017, создавајќи прототип на домување наменет за идна колонизација на Марс. Иницијаторите и спонзорите на натпреварот беа Националната аеронаутичка и вселенска агенција на САД и Европската вселенска агенција.

Идниот град на Марс ќе биде изведен во форма на куполи, меѓусебно поврзани со тунели под површината на планета. Куполите ќе имаат специјална заштита од зрачење, падови на температури, па дури и од паѓање на мали метеорити. Секоја купола е дизајнирана да вдоми 50 луѓе.

Поврзани артикли