Платежната индустрија отсекогаш создавала нови иновации за борба со измамниците на трансакции со цел да се создаде една безбедна средина за финансиски трансакции.

Холограми, системи за идентификација, пинови и чипови се само дел од иновациите за заштите кои веќе се стандарди во финансиските компании. Сепак едукацијата на клиентите за користењето на нивните банкарски сметки и платежни картички, останува клучен дел од стратегијата за заштита на информациите, а има за цел да ја намали стапката на загуби при измама кај бизнисите и клиентите.

Информирањето на клиентите, за тоа што можат да направат за да се заштитат од измама е најважна мерка. Добар старт е да се разберат различните видови на измама кај дебитните и кредитните картички.

Во продолжение Ви ги прикажуваме најчестите и најопасни видови на измами со платежни картички:

– Првата релативно најчеста е изгубена или украдена картичка и таа мора веднаш да се пријави, за да се избегнат било какви оштетувања.

– Преземање на сметка. Ова се случува кога корисникот на картичката дава одредени информации (домашна адреса, моминско презиме итн.) на измамникот. Тој ја контактира банката и пријавува изгубена картичка или промена на адреса, па ја добива во име на вистинскиот корисник.

– Фалсификувани картички. Се случува кога се „клонира“ картичката и се користи за извршување трансакции. Скоро 15% од измамите во Азија се од фалсификувани картички, но оваа бројка драстично паднала со воведувањето на „EMV“ чипот.

– Картичка која не е примена никогаш. Се случува кога картичката е украдена од поштата, не пристигнувајќи никогаш до вистинскиот корисник.

– Лажна апликација. Кога измамникот користит туѓ идентитет при аплицирање и добивање на картичка.

– Повеќекратен импринт. Кога една траснакција е направена неколку пати на старите импринтери.

– Тајни трговци. Трговците соработуваат со измамниците за да направат проневера на банкарските сметки.

– Поштенска/телефонска нарачка. Овој вид измама ја вклучува е-трговијата и е најчест случај на измама. Заради тоа, финансиската индустрија континуирано работи на нови иновативни безбедносни системи.

ИЗВОР: Банкарство.мк