Motorola подготвува Lite верзија на телефонот во рамките на својата Edge линија, што го потврдува FCC листингот на уреди со ознака на модел XT2075-3. Смартфонот за кој се верува дека ќе биде Moto Edge Lite, ќе има 4700mAh батерија и 5G конекција.

Според достапните гласини, се очекува дека смартфонот ќе го покренува Snapdragon
765G чипсет, во комбинација со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Останати детали за телефонот не се познати, иако претходните гласини сугерираат кодно име Nairobi и поддршка за Android 10 софтвер.

Само за споредба, Motorola Edge серијата има 6,7-инчни, закривени OLED дисплеи со 90Hz освежување и punch-hole отвор за 25MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат три камери и доделен ToF сензор. Премиум Edge+ моделот го покренува Snapdragon 865 чипсет, додека стандардниот модел користи Snapdragon 765G чип.