Во текот на презентацијата на Microsoft Ignite конференцијата, програм менаџерот за Surface Pro го објави датумот на лансирање на LTE Surface Pro моделот.

Тим Голик потврди дека LTE Surface Pro ќе биде објавен на 1. декември. Ова се поклопува со појавувањето на Панос Панај, шефот на Surface програмата во текот на Future Decoded, кој би требало да послужи како платформа за претставување на LTE Surface Pro.

Иако делува дека објавата на LTE Surface Pro лаптопот е неминовна, Microsoft засега одбива да потврди дека ова ќе се случи на 1. декември.