Смартфонот пристигна во Македонија по цена, пониска од очекуваната

Најновиот смартфон во портфолиото на Motorola официјално пристигна и кај нас. Motorola one веќе е достапен и на македонскиот пазар.

Како дел од Android One програмата, Motorola one ви го дава омиленото Android искуство, три години редовни безбедносни ажурирања и уште повеќе можности на камерата со Google Lens. Но, тоа е само за почеток, заедно со moto experiences ексклузивните функции тој е подготвен за секакви предизвици.

Што ви овозможува motorola one? 

Motorola One е модерен, со елегантен стаклен дизајн и неверојатен 5.9” HD+ 19:9 Max Vision екран. Тој е одличен избор за снимање на 4K видеа, читање на омилената книга на поголем екран, пишување на забелешки и правење неколку работи истовремено со опцијата за разделување на екранот. И сето тоа со само една рака. Но, motorola one е далеку повпечатлив од тоа… 

“Cinemagraphs”

“Cinemagraphs” се статични слики, во кои има лесно повторувачко движење – коса која се вее на ветрот, одраз на стаклото на такси кое поминува, капка вода која се лизга по свежо измиено овошје, додека сите останати објекти се смрзнати. Анимацијата е деликатна, едвај забележлива, но и исклучително импресивна – предност што ја направи оваа техника хит на социјалните мрежи. Функцијата за креативни “cinemagraphs” не е дополнителна апликација, туку е вградена во камерата на motorola one.

Акцент на боите

Секој корисник со афинитет кон уметноста и убавото, може да ја искористи т.н. “spot color” функција на камерата на motorola one. Можноста да ги оставиш јарко црвените листови за акцент во црно бела фотографија, ги прави есенските слики на Instagram различни и забележителни.

Портрети и автопортрети

Со 13MP двојната задна камера и 8MP селфи камерата, ќе ги снимите сите неочекувани моменти. Со motorola one секогаш ќе го имате она прекрасно зајдисонце кон кое ќе може да се навратите и неверојатни слики за вашиот Instagram профил од забавата од претходната вечер. Со motorola one имате целосна контрола над bokeh ефектот, како во режим на портрет така и во селфи режим. Се разбира, достапни ви се и забавните филтри за слики и видео.

Енергија и моќ

Никогаш не било полесно да бидете опуштени кога станува збор за траењето на батеријата. Сега имате енергија за целиот ден со само едно полнење, што значи помалку пропуштени можности и помалку грижи за губење на GPS координатите кога сте надвор. Кога батеријата сепак ќе се испразни, вклучете го TurboPower полначот и ќе добиете енергија до 6 часа со само 20-минутно полнење.

8-јадрениот 2.0 GHz процесор Qualcomm® SnapdragonTM 625 обезбедува одлични перформанси и гарантира дека вашиот уред веднаш ќе реагира на секој допир на екранот.

Android One: Интелигентен, сигурен, едноставно неверојатен

Со motorola one го добивате најновиот софтвер и AI иновации од Google директно на вашиот смартфон. Android One ви дава интелигентен, сигурен и практичен уред.

Интелигентен: Препознавајте текст, барајте рецепти, преведувајте зборови, разгледувајте ја омилената облека и многу повеќе со Google Lens апликацијата, која е вградена во камерата на телефонот. Со можностите на вештачката интелигенција, вградени во Google Lens, можете да бидете во интеракција со светот со едноставно насочување на камерата. Направете слика на случајно избрано куче и Google ќе ви каже која е неговата раса или пак проверето го името на прекрасното цвеќе.

Покрај тоа, со Google Photos добивате неограничен простор за зачувување на фотографии со висока резолуција. Јавувајте се, барајте информации и гледајте видеа на YouTube со гласовни команди благодарение на можностите на Google Assistant.

Сигурен: Со Android One, motorola one ќе добие две ажурирања до најновата верзија на Android. Освен тоа, со Google Play Protect ви нуди сигурност, како и месечни ажурирања за заштита, кои се загарантирани за следните три години.

Неверојатен: Заборавете на претходно инсталираните апликации и заменете ги со Andoid OS заедно со moto experiences. Добивате не само пристап до најновите софтверски ажурирања, туку и повеќе меморија и контрола врз искуството со вашиот смартфон.

Покрај тоа, телефоните од motorola one серијата ќе бидат меѓу првите кои ќе добијат ажурирање до Android™ 9 Pie (Android P) веднаш по премиерата на последната верзија од најпопуларниот оперативен систем во светот.

Motorola One е достапен на македонскиот пазар во црна и бела боја.