Студенти од Универзитетот во Ајндховен Холандија (TU/e), конструираа лесен автомобил на електричен погон, од смола на шеќерна репка и лен од домашно производство. Во возилото можат да седнат четири лица, а постигнува брзина од 80 километри на час.

Само тркалата не се од биоразградлив материјал, а целата структура на автомобилот има сличен однос на механичката цврстина и масата како материјалите од стаклени влакна. Прототипот го носи името „Лина“ и има маса од  само 310 килограми.

Прототипот се уште не ги има поминато „crash“ тестовите, бидејќи материјалот при удари не се свиткува туку пука, но догегашната работа ветува, па се работи на подобрување и на овие својства. Планирано е првото пробно возење да се реализира кон крајот на годинава, кога се очекува моделот да добие одобрение од холандската администрација за возила.