Apple испрати контроверзна година, во која мораше да се справи со многу проблеми. Последниот квартал беше поврзан со судски конфликти со Qualcomm кои ќе продолжат со полна сила и во 2019 година. Само пред неколку дена Apple потврди дека послабите продажби на iPhone ќе доведат до финансиски загуби во износ од 9 милијарди долари. Традиционално почетокот на календарската година е слаб период за смартфон пазарот и ги имаме сите причини да очекуваме ситуацијата да се повтори и во 2019-та.

Технолошкиот гигант ги објави финансиските резултати за изминатите три месеци, од кои разбравме уште еден интересен факт. Apple мораше да замени повеќе од 11 милиони батерии на сопственици на iPhone во изминатите 12 месеци. Самата поправка е дел од стандардната програма за замена на неисправни делови, за што корисниците плаќаат 29 долари. Иницијативата е достапна приближно година и покажува дека доста луѓе имаат потреба од неа, соопштува Pocket Now.

Треба да се напомене дека традиционално компанијата заменува помеѓу 1 и 2 милиони батерии во рок од една година. Во пракса, ова значи дека десет пати повеќе луѓе побарале промена на оваа компонента во паметните телефони во 2018 година. Apple исто така е изненаден од бројките и ќе направи понатамошни напори за намалување на оваа бројка оваа година. На крајот ќе споменеме дека трошоците за 11 милиони батерии, исто така, имаше влијание врз финансиските резултати на компанијата за 2018 година.