Научниците го откриле најголемиот вулкански регион на земјата: тој се наоѓа на два километри под површината на мразот, кој го покрива западниот дел на Антарктикот, пишува британскиот весник The Guardian.

Според истражувањето, подготвено од специјалисти на Единбург Универзитетот, во овој регион има речиси 100 вулкани, највисокиот од кои достигнува четири илјади метри.

„Големо прашање е: колку се активни овие вулкани? Тоа е нешто што ние треба да утврдиме што е можно побрзо“, истакнаа научниците.

Тие предупредуваат дека активноста на овие вулкани може да има големи последици.

„Ако некој од овие вулкани почне да еруптира, тоа ќе го дестабилизира уште повеќе западниот дел на ледената покривка на Антарктикот“, прокоментира експертот Роберт Бингам.

„Се што предизвикува топење на ледот, а ерупцијата на вулкан сигурно ќе го направи тоа, ќе го забрза зголемувањето на морското ниво, додаде Бингам.