Богатството на еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејтс, е проценето на 89 милијарди американски долари, што го прави еден од најбогатите луѓе на светот.

Доколку би трошел милион долари дневно, на Гејтс би му биле потребни 245 години за да го потроши и последниот долар. Исто така, тој на секоја секунда заработува околу 250 долари, што значи дека има дневни приходи од 21,6 милиони долари, односно 7,8 милијарди долари на годишно ниво.

Гејтс во 1975 година го покрена Мајкрософт во соработка со Пол Ален. Во 31-та година тој бил најмладиот милијардер на светот. Со издавањето на Windows 95 во 1995 година станал најбогатиот човек на светот, a оттогаш се наоѓа на самиот врв на Форбсовата листа.

Бил Гејтс донирал 41,3 милијарди долари во добротворни цели. Тој со сопругата и Ворен Бафет во 2010 година го осмислил и реализирал проектот наречен “The Giving Pledge”. Идејата позади овој проект е секој кој ќе се согласи да биде дел од истиот, да го даде своето богатство во добротворни цели.

Освен што вложува во добротворни цели, тој ги троши парите и на исполнување на своите желби. На пример, во 1997 година Гејтс купил млазен авион кој е вреден 21 милиони долари. Во текот на годините тој поседувал многу луксузни автомобили, а во еден од нив – Porsche 911 тој заработил и казна поради пребрзо возење.
Бил исто така располага и со голема колекција на уметнички дела. За сликата на Винслоу Хомер во 1988 година платил 36 милиони долари, потоа за “Polo Crowd” на Џорџ Белоус платил 28 милиони долари, за “Distant Thunder” на Ендрју Виет – 7 милиони долари како и книгата на Леонардо да Винчи наречена “Codex Leicester” која ја купил за неверојатни 30,8 милиони долари.
Дел од сликите се наоѓаат во неговиот дом во Сиетл кој вреди 63 милиони долари. Куќата има 24 купатила, шест кујни, двор во кој можат да престојуваат 200 лица, домашно кино и вештачко езеро со риби, пишува Business Insider.
Извор: Tportal.hr