Мeizu е кинеска компанија во подем, која лансира евтини телефони. Овој пат ги презентираше новите модели Meizu Pro 7 и Pro 7 Plus, кои се со ист дизајн, но различна големина.

Моделите имаат двојна камера со 12MP, додека селфи камерата е 16МР, со специјален алгоритам за подобрување на квалитетот на фотографиите кога имате слаба осветленост во просторот.

Производителот вгради Super AMOLED дисплеи со големина од 5.2 инчи и резолуција од 1080 пиксели во Pro 7, и 5.7 инчен дисплеј, со Quad HD резолуција во Pro 7 Plus. Најинтересното е тоа што задниот дисплеј може да ви послужи како огледало додека ве фотографираат, за да се наместите и убаво да изгледате.

Meizu Pro 7 и припаѓа на средната класа со Helio Р25 процесор и 4GB RAM меморија, додека Pro 7 Plus е знаменосецот со нов Helio Х30 процесор и 6GB RAM меморија. Meizu Pro 7 и Pro 7 Plus ќе бидат пуштени во продажба сега на 5 август и разликата во нивната цена ќе биде 100 долари ­ послабиот модел ќе биде 430 долари, а знаменосецот 530 долари.