Додека Apple се држи до својот широк засек, а Samsung се поигрува со punch-hole отворите, Xiaomi можеби ќе проба да креира екран без никакви засеци и отвори. Компанијата веќе ја објави таа намера пред неколку месеци, а сега новиот патент открива како ова би можело да функционира.

Невидливата камера под екранот е една од идните цели на индустријата на паметни телефони. Врз основа на патентот, Xiaomi планира дисплеј кој има повеќе слоеви. Еден слој има пиксели кои нормално функционираат како кај вообичаен дисплеј. Слојот под него не пропушта светлост во камерата. Кога камерата мора да се користи, овој втор слој би пропуштал светлина, додека пикселите над него би се изгасиле.

Секако, патентот не содржи примери кои се подготвени за потрошувачките уреди. Доколку Xiaomi би успеал да имплементира ваков или сличен дизајн, тоа кинеската компанија би ја сместило пред конкуренцијата, макар и само за краток период.