Microsoft го претстави својот прв паметен термостат. GLAS е изработен во соработка со Johnson Controls, кој со оглед на тоа дека е креатор и на првиот електричен термостат има значитело искуство во оваа гранка.

Ова е еден од првите уреди кои доаѓаат со Windows 10 IoT Core оперативен систем. Ова секако подразбира дека уредот доаѓа со Cortana за гласовни услуги и Microsoft Azure како поддршка од облакот. Покрај вашиот смартфон, GLAS може да се управува и преку гласовни команди насочени директно кон него, а има и дисплеј на допир за попрецизна контрола.

Термостатот е инаку производство на компанијата Johnson Controls, која има производствен погон и кај нас и која се занимава пред се со производство на ентериери за автомобили.

Уредот може да предвиди каква треба да биде температурата во собата во споредба со надворешната температура или да го исклучи греењето кога никој не е во собата.

Иако понов и ги има истите функционалности, GLAS не е ни приближно кул како термостатот на Nest. Главната причина е дизајнот на уредот кој наликува на полу-проѕирен таблет закачен на ѕид.