Кинеската компанија Huawei започна преговори со Русија за инсталирање на рускиот оперативен систем Аурора на 360.000 таблети за спроведување попис на населението во Русија следната година.

Huawei почна да бара алтернативен оперативен систем за оперативниот систем на Гугл – Андроид, откако Вашингтон и се закани на кинеската компанија дека ќе и го одземе пристапот до клучните компоненти и технологии.

– Ова е пилот проект. Ние го гледаме како прво ниво за придвижување на рускиот оперативен систем на апаратите на Huawei, изјави извор од компанијата.

Друг извор нагласи дека Huawei е заинтересиран за проект со Русија, а на руската страна и се покажани таблети кои би можеле да се користат.

Портпарол на компанијата потврди дека Huawei преговара со руското Министерство за комуникации, но не откри повеќе детали.