Основната цена на овој автомобил би требало да изнесува околу 20 илјади евра и планирано е производство на околу 200 илјади парчиња.

Кон крајот на следната недела, шефовите на VW ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за трансформацијата на компанијата од најголем евцропски производител на автомобили со мотори со внатрешно согорување до компанија која ќе се ориентира на производство на електрични автомобили. Една од темите на разговорот би можело да биде и производството на евтино возило (евтино во однос на конкурентските електрични возила) со кои Volkswagen ќе ја нападне Tesla.

Основната цена на овој автомобил би требало да изнесува околу 20 илјади евра и планирано е производство на околу 200 илјади парчиња. Иако сите овие информации не се официјални и на новинарите им ги “шепнаа” извори кои се добро запознаени со ситуацијата во германскиот автомобилски џин.

Volkswagen со тек на време, трите свои фабрики во кои моментно се произведуваат автомобили со мотори со внатрешно согорување ќе ги преуредат за производство на електрични возила (се работи за фабриките во Емден, Цвикау и Хановер), а оваа промена на е-возилата ќе ги чини 14 илјади работни места, односно толку луѓе до 2020. година ќе останат без работа.

Причините за тоа, напоменуваат од Reuters, се тоа што за производство на електрични автомобили е потребно помалку време, а VW ќе соработува со други компании во врска со производство на батерии, така што за нив нема да користи сопствена работна сила.