Шефот за развој на софтверот на Apple, Крег Федериги неодамна со одговорот на прашањето наменето за главниот директор Тим Кук го демантираше раширеното верување за тоа како е можно да се заштеди батеријата со гасење на апликации што не ги користите.

Всушност, постојаното гасење и стартување на апликациите може да го скрати векот на траење на батеријата на iPhone. За мерката за присилно гасење треба да се посегне единствено кога апликацијата ќе се смрзне или на некој друг начин ќе се блокира, пишува Mental Floss.

Што тогаш можете да преземете за да заштедите енергија и помалку да ја оптоварите батеријата во паметниот телефон на Apple?

Па, на пример, да го вклучите авионскиот режим на работа Low Power кога батеријата е на 20 отсто капацитет. Тоа, наводно, би требало да го одржи смартфонот во живот дополнителни три часа.

Корисно би можело да биде и да се избришат Facebook и другите апликации, па да се премине на нивните веб или полесни изданија, како и да се вклучи автоматското прилагодување на нивото на осветлување на екранот на условите во околината.