Се чини дека SMS-пораките наскоро ќе ги наследи нова услуга која е комбинација од Facbook Messenger, апликацијата на Apple, iMessage и WhatsApp.
Очигледно е дека времето ги прегази SMS-пораките. Им недостигаат полно опции на кои не навикнаа апликациите за допишување на паметните телефони, а и не можат да бидат подолги од 160 знаци.
Меѓутоа, се чини дека наскоро следува нова услуга, Rich Communication Services, која во една единствена платформа комбинира три апликации.
СМС-пораките прв пат се предложени во 1982 како дел од стандардите на втората генерација на GMS (Global System for Mobile Communications) зад што стои Европскиот институт за телекомуникациски стандарди. Првата идеја била праќање пораки со користење систем со кој се контролира телефонскиот промет.
По десет години развој, СМС-пораките заживуваат во декември 1992, кога инженерот Нил Папворт на водафон-корисникот Ричард Џарвисш му испратил порака „Среќен Божиќ“.
Rich Communication Services е протокол за кој се предвидува дека е значајно понапредна платформа од денешната. Сепак, крајната верзија на RCS не се очекува пред крајот на 2017.