Брендот Honor е ќерка-фирма на големиот кинески производител Huawei. Honor вчера го објави моделот Honor Magic и ги нуди можностите на новата Mate 20 серија, но во поинакво пакување. Телефонот има AMOLED екран со дијагонала од 6.39 инчи и резолуција од 1080×2340 пиксели.

Honor Magic 2

Телефонот го користи новиот процесор Huawei Kirin 980, графичкиот процесор е Mali-G76 MP10. Телефонот ќе се продава во три варијанти на количеството на меморија, односно 6GB RAM/128GB ROM, 8GB RAM/128GB ROM и 8GB RAM/256GB ROM. Цените ќе изнесуваат околу 545 долари, 615 долари и 690 долари, соодветно на моделите. Продажбата во Кина ќе започне на 6-ти ноември.

Honor Magic 2

Телефонот нема приклучок за слушалки, но има сензор за отпечаток под самиот екран, има батерија од 3400mAh и SuperCharge полнач со моќност од 40 вати. Да не ги заборавиме 6-те камери, кои се чини дека се главната атрактивност на овој телефон.

Honor Magic 2

На задната страна главната камера е со 16MP (f/1.8), втората е широкоаголна камера со 16MP (f/2.2), а третата е со црно-бел сензор и 24MP (f/1.8). На предната страна главната камера е со резолуција од 16MP (f/2.0) и има две камери со резолуција од 2MP (f/2.4).

https://youtu.be/OkS2iCCqq6Q

Honor Magic 2 ќе се нуди во Кина од 6 ноември по цена 3.799 јуани (480 евра) за верзијата со 6 / 128GB меморија, 4.299 јуани (545 евра) за оваа со 8 / 128GB и 4.799 јуани (609 евра) за 8 / 256GB. Компанијата има подготвено и варијанта со 8 / 512GB меморија за 5.799 јуани (735 евра), кој вклучува систем за ладење со графен и 3D препознавање на лицето и ќе се продава во декември