LG испрати официјални покани за прес-конференција, која ќе се одржи на 31 август и на која конечно ќе го видиме LG V30. Самата покана не го содржи името V30, но се користи за илустрација телефон кој ја покажува буквата „V“ на екран, соопшти Еngadget.
Се очекува настанот да се одржи на 31 август во Берлин, Германија. Традиционалниот Саем IFA 2017 ќе започне само неколку дена потоа.
Според гласините, LG ќе се откаже од вториот дисплеј со оваа генерација на паметни телефони од серијата „V“. Не е јасно што е причината за тоа најблаго кажано чудно решение – сепак главната карактеристика на V смартфоните беше токму присуството на втор екран.
Новиот предводник на LG Electronics ќе се нуди во вкупно три варијанти. Се очекува V30 да конкурира на Samsung Galaxy Note 8 и iPhone 8 на Apple, кои излегуваат во август и септември.
Смартфонот ќе има уште потенки рамки околу екранот, OLED дисплеј, Qualcomm Snapdragon 835 чипсет и 6 GB на RAM меморија.
Трите варијанти ќе се разликуваат по вградената меморија, откако корисниците ќе можат да избираат меѓу 32/64/128 GB вградена меморија. Според извори од индустријата сепак, LG може да додаде интересни карактеристики во трите модела.