Имате проблеми со прекумерно потење и ширење непријатни мириси во работната средина, а колегите се премногу културни за да ви посочат на тоа? Еве решение, односно едно од можните решенија за вас и за колегите.

Јапонската компанија Konica Milota направи гаџет кој го собира во џеб, а се поврзува со Bluetooth на паметен телефон и како детектор испраќа сигнали кога ќе „претерате“ со непријатниот мирис и дискретно ви укажува на тоа дека треба да преземете нешто.

Од компанијата веруваат дека за нивниот производ, кој слободно може да се нарече „детектор на пот“, има место на пазарот затоа што луѓето особено се осетливи на непирјатни мириси. Во Јапонија дури постои збор за луѓето чие тело шири непријатни мириси – sumehara или во превод „малтретирање на другите со пот“.

На презентацијата на производот во Токио беше направено и тестирање на новинар кој пешачел 30 минути за да дојде на презентацијата, а во џебот го имал детекторот за пот. Телефонот му испрати порака: „Неопходна е итна мерка“.

Погледнете како функционира овој гаџет.