Galaxy Z Fold2 продолжува таму каде што Galaxy Fold застана, потпирајќи се на најдобрите Samsung иновации во класата на флексибилни телефони. Комбинирајќи поголем надворешен екран, масивен главен дисплеј и сестран систем на камера, овој уред обезбедува широк спектар на можности за деловна продуктивност и забава. Сите овие опции се можни благодарение на една основна карактеристика – проширен Flex mode режим на работа.

Два екрани, сеопфатно искуство

Flex mode ги унапредува предниот и главниот екран, правејќи го Galaxy Z Fold2 уредот кој им овозможува на корисниците да прават се што им треба, во движење.

Уредот доаѓа со поголем преден екран од 6,2 инчи, кој отвора пристап до известувањата и обезбедува доволно простор за извршување на различни активности. Да речеме дека корисник сака да гледа видео-врска што му ја испратил пријател. Доволно е само еднаш да се кликне на врската и содржината може да се прегледа на предниот екран од исправена или хоризонтална перспектива.

Исто така, Flex mode им овозможува на корисниците да ја гледаат истата содржина и кога го расклопуваат уредот. Овој режим на работа автоматски ги префрлува сите отворени апликации од предниот на главниот екран, така што нема дополнителни чекори за нивно повторно вклучување.

Нека рацете ви останат слободни

Без разлика дали присуствувате на виртуелен состанок во кафуле или гледате видео со рецепт во својата кујна, Galaxy Z Fold2 им ги ослободува рацете на корисниците, давајќи им поголема удобност при мултитаскинг. Hideaway Hinge шарката овозможува и предниот и главниот екран да останат отворени под различни агли, а содржината може да се гледа од различни агли.

Со многу нежно отварање на Galaxy Z Fold2 уредот и неговото поставување на рамна површина, содржината може да се гледа на предниот екран без употреба на раце. За поголема работна површина, доволно е уште малку да го расклопите телефонот и доаѓа до пренасочување на репродуцирањето на содржината од предниот на главниот екран. Во овој режим на работа, горната половина на главниот екран ќе репродуцира видео, додека долната половина ќе прикажува опции за контрола на видеото.

За посеопфатно и забавно искуство, потребно е корисникот целосно да го расклопи уредот. Главниот екран со Infinity-O дисплеј, брзина на освежување на екранот од 120Hz и димензии од 7,6 инчи, овозможува супериорно визуелно искуство. Со двојни звучници со висока аудио динамика, корисниците ќе уживаат во одличен звук додека ја гледаат својата омилена содржина.

Снимајте со максимална флексибилност

Кога се користиFlex mode режимот на работа, камерите на Galaxy Z Fold2 стануваат уште помоќни, овозможувајќи им на корисниците да снимаат содржина точно како што сакаат. Флексибилноста на уредот овозможува максимално користење на придобивките од задната камера, дури и кога се фотографираат селфи фотографии. Потребно е само корисникот е да ја вклучи камерата на предниот екран и да го притисне копчето за задната селфи камера. Потоа, корисникот може да го расклопи уредот за да прави селфи со задната камера, користејќи го предниот екран како приказ за тоа како ќе изгледаат селфињата.

Capture View режимот на работа им овозможува на корисниците да прегледуваат фотографии и видеа за време на снимањето. Оваа опција е достапна кога Flex modeе вклучен, така што корисникот може да прегледа до пет претходни снимки во долниот дел на главниот екран, додека изгледот на следната снимка е на горниот дел од екранот.

Соработката помеѓу фотографот и субјектот е клучна за создавање динамични кадри. Dual Preview  опцијата на Galaxy Z Fold2 го поедноставува овој процес покажувајќи како наредниот кадар ќе изгледа на предниот и главниот екран истовремено. Субјектот на фотографијата може да се прилагоди на својата позиција врз основа на дисплејот на предниот екран, додека фотографот е во можност да создаде совршена композиција на сликата со помош на дисплејот на главниот екран. Dual Preview работи и при снимање видео и може да се активира во Pro Video режимот.

Без разлика дали учествувате во најновиот предизвик за танцување на социјалните мрежи или снимате влог, Auto frameопцијата на Galaxy Z Fold2 ќе му помогне на корисникот да создаде квалитетна содржина со леснотија, без оглед на околностите. Предметот останува во фокусот дури и додека се движи, така што корисникот не мора да се грижи дали ќе остане во кадарот, дури и кога снима сам.