Мистериозниот тест-возач Стиг од популарното автомобилско шоу “Top Gear” уште еднаш се запиша во Гинисовата книга на рекорди – возејќи трактор на писта на поранешен воен аеродром во Велика Британија.

Стиг, кој и претходно се има испробано во соборување на брзински рекорди со крајно необични возила, како што е косилка за трева или автомобилче од забавен парк, овој пат седнал зад воланот на модифициран трактор, опремен со моќен Chevrolet 5.7 V8 мотор со дури 500 коњски сили.

Неговата задача била да го надмине претходниот брзински рекорд кој во 2015 година го поставил четирикратниот светски шампион во рели, Финецот Јуха Канкунен, а истиот изнесувал 130 км/ч.

Стиг на крајот успеал да го собори рекордот возејќи трактор со просечна брзина од 140,44 км/ч. Во првото возење успеал да развие 147,92 км/ч., а во второто, во спротивна насока, 132,96 км/ч.

Погледнете како изгледало ова рекордно возење:

Извор: Nezavisne.com